Dizajniranje i opremuvanje na
novoizgraden stamben prostor
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 11 | Nivo:
Šumarski fakultet, Skopje
ДИЗАЈНИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА
НОВОИЗГРАДЕН СТАМБЕН ПРОСТОР
-Дипломска работа-
Ментор:
Проф. Д-р. Цветанка Симоновска
Скопје, 2008
Содржина;
Вовед
Оваа дипломска работа опфаќа уредување на
новоизграден стамбен простор односно проектирање на ентериерот. Проектирањето е
насочено кон подобрување на комуникациите, функционалноста и оптимализација на
површините и елементите во однос на искористувањето на просторот и
атропометриските мерки.
Станот има своја функција што значи дека истиот
треба да создаде практични услови за основната намена-функција за која тој е
проектиран, предвиден а тоа е живеењето и работата. Доколку станот не може да
ги задоволи основните функции тогаш проектираниот стан не ја постигнал својата
основна цел.
Секој стамбен простор се карактеризира со
неговиот ентериер и екстериер. Ентериерот треба максимално да ја задоволува
функцијата на стамбениот простор. Ентериерот и мебелот како дел од него треба
да е со конструкција која е трајна и сигурна, да поседува соодветни естетско
обликовни квалитети со минимално употребени материјални средства. Мебелот и
ентериерот покрај тоа што треба да ги задоволува основните функционални барања
треба да одговори и на основните естетски норми.
Проектирањето во голем степен е поврзано со
различни науки како и со современите постигнувања на техниката, со употреба на
различни материјали, како и нивната обработка, додека кај другите гранки на
уметноста материјалите и техниката играат второстепена улога. Така
проектирањето е дејноста која истовремено е техника, наука, идеја и уметност.
Многу е лесно да се разбере дека е неопходно единство на овие четири страни на
проектирањето. Меѓутоа тешкотијата се крие во изнаоѓањето на правилен заемен
однос помеѓу овие четири фактори, односно дали треба да преовладува
функционалниот или обликовниот фактор. Исто така не е лесно да се изнајде
соодветна хармонија во единството на четирите елементи. Неправилно е да се бара
елементарно единство при што функционалноста, конструкцијата, економичноста и
естетиката се еднакво застапени. Правилно е да постои единство на овие четири
фактори, што се базира на доминацијата на еден од овие фактори над другите. Во
зависност од карактерот на проектот може да се одреди факторот или факторите
кои ќе бидат експонирани во однос на другите, а врз база на тоа да се создаде
соодветно успешно проектантско дело.
Единството помеѓу идејно обликовната страна и
другите три фактори се постигнува со барање на соодветни внатрешни и надворешни
обликовни форми, и со вешто манипулирање со основните средства на
хармонизација: пропорцијата, размерот, ритамот и други.
Начинот на кој живееме денес бара определен
степен на унификација во однос на материјалите кои ги користиме, димензиите,
формите, функционалноста, едноставноста на конструкцијата, играта со бои,
економичноста, просторниот организација и сл. Затоа за да се конструира
определен стамбен простор со ентериер треба овие специфичности да се разгледаат
подетално и да се избере најдоброто.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!